Амнести: Рускиот воздушен напад врз Чернихив може да биде воено злосторство

Сподели со своите пријатели

Рускиот воздушен напад во кој наводно се убиени 47 цивили во украинскиот град Чернихив може да претставува воено злосторство, соопшти денеска Амнести интернешнал по истрагата за нападот.

Loading...

„Во четвртокот, околу 12:15 часот, мал јавен плоштад беше погоден од повеќе бомби, при што загинаа цивили и сериозно беа оштетени околните згради.

 

Украинските воени сили објавија видео: „Јавелин ракета и руски тенк. Прекрасно гори!’ (ВИДЕО)

 

„Врз основа на нови интервјуа и верификација и анализа на видео докази, тимот на Амнести интернешенел заклучи дека нападот веројатно бил руски воздушен напад со најмалку осум неводени воздушни бомби, познати како глупави бомби“, се вели во соопштението на Амнести.

„Ова беше безмилосен, неселективен напад врз луѓето додека ги извршуваа секојдневните задолженија во нивните домови, улици и продавници. Ова е еден од најсмртоносните напади што досега ги претрпел украинскиот народ“, рече Џоан Маринер, директорка на кризниот оддел на Амнести.

Амнести верува дека повеќето од жртвите чекале во редици за храна

Loading...

Таа додаде дека „обвинителот на Меѓународниот кривичен суд треба да го истражи овој воздушен напад како воено злосторство. Оние кои се одговорни за таквите злосторства мора да бидат изведени пред лицето на правдата, а жртвите и нивните семејства мора да добијат целосна отштета“.

 

Успешна евакуација на цивили: Околу 5.000 луѓе го напуштија Суми

 

Украинските регионални власти објавија дека 47 лица биле убиени во воздушниот напад.

Според нив, снимката покажала дека во бомбардирањето учествувале осум во серија фрлени бомби. Амнести досега не успеа да идентификува легитимна воена цел во близина на местото на нападот.

Тие веруваат дека повеќето од жртвите чекале во редици за храна кога паднале проектилите.

„Слушнав многу силно зуење и почувствував како нашата зграда се тресе. Како да ни беше надуен станот… А потоа по две секунди слушнав како прозорите се разнесоа. Бабата и јас лежевме на подот во ходникот, веројатно тоа нѐ спаси“, вели 21-годишната студентка Алина, која со семејството била на блиската улица.

Loading...

 

САД, „збунети“ од понудата на Полска, нема да испраќаат авиони во Украина

 

Родителите ја избегнаа смртта

„Во една блиска зграда имаше ред за леб, таму сакаа да одат моите родители. Мама или тато рекоа: „Не, редот е предолг, ајде да одиме“. И така си заминаа. Луѓето кои беа во таа линија ги нема“, додаде Алина.

Амнести наведува и дека на снимката од надзорната камера се слуша звук на веројатно авион со мала брзина, а се гледа и бомба што паѓа.

„Ова е во согласност со тактиката на овој тип на напад. Фрлањето ненаведувани бомби во населени места ја прекршува забраната за неселективни напади. Таквите бомби имаат широк опсег на дејство и се многу помалку прецизни од муницијата со прецизно наведување“, објаснуваат тие.

 

Loading...

Еден милион долари за секој заробен руски авион

 

Другите снимки што ги прегледале претставници на Амнести, покажуваат, меѓу другото, препознатлив кратер од бомба чија големина е во согласност со површински удар од приближно 500 килограми експлозив.

Повикуваат на соработка

„Друга проверена содржина од друг воздушен напад во Украина покажува дека ненаведената бомба ФАБ-500 М62 е отстранета од силите на цивилната одбрана, осум FAB-бомби 500, што е показател за типичното борбено оптоварување во тековните руски операции“, велат тие.

 

Loading...

ОВА Е ВОЈНА ВО ЕВРОПА: За прв пат се обрати сопругата на претседателот на Украина

 

Маринер рече дека „неопходна е соработка со МКС и нова истражна комисија формирана од Советот за човекови права на ОН за да се обезбеди одговорност за сериозни прекршувања и злосторства“. Таа заклучи дека „жртвите на овој конфликт мора да добијат правда“.