Елекеторнски цигари од тројца производители не добија одобрување од здравствените власти за продажба во САД, објави во четвртокот американската Агенција за лекови, прва во серијата одлуки што значително ќе влијаат на индустријата.
Овие производи не успеаја да докажат дека придобивките што ги носат за возрасните (особено да престанат да пушат класични цигари) ги надминуваат ризиците што ги носи за помладите луѓе.
Е-цигарите всушност можат да бидат почеток на зависност.
Забранети се производите на JD Nova Group LLC, Great American Vapes и Vapor Salon. Тие вклучуваат е-цигари со вкус на кола, јаболка и цимет од житарки.
Ако тие се веќе во продажба, овие производи мора да бидат повлечени од пазарот, предупредува американската администрација за лекови (ФДА) во соопштението.
Оваа агенција е задолжена да ја процени нивната корисност за јавното здравје.
„Знаеме дека никотинските производи со вкус се многу привлечни за младите луѓе, така што проценката на нивните потенцијални и реални последици од употребата кај младите луѓе е важен фактор во одлучувањето кој производ може да се пласира на пазарот“, се вели во соопштението.