Американските разузнавачи без заклучок за потеклото на коронавирусот

Сподели со своите пријатели

Американската разузнавачка заедница не успеа со сигурност да утврди дали инцидентот во кинеската лабораторија е извор на вирусот ковид 19 или болеста се појавила природно со пренесување од животни на луѓе, според резултатите од истрагата, која вчера беше декласифицирана.

Loading...

Извештајот, издаден од Канцеларијата на директорот за национално разузнавање, како одговор на барањето на претседателот Џозеф Бајден да спроведе истрага, се вели дека задоволителен одговор на прашањето како точно вирусот што уби 4,6 милиони луѓе низ целиот свет и натаму останува недостижен, јавува Ројтерс.

„Клучни информации за потеклото на оваа пандемија постојат во Кина, но од почетокот, владините службеници во Пекинг работеа на спречување на пристапот на меѓународните истражители и членовите на Светската здравствена организација“, рече Бајден откако доби доверлив извештај на кој три месеци работеле десетици аналитичари и службеници за разузнавање.

Според документот, организациите во американската разузнавачка заедница не се согласуваат за потеклото на новиот корона вирус, а неколкумина веруваат дека потекнува од контакт со заразено животно, но тие самите, како што е наведено, имале мала доверба во тој заклучок, додека други не можеле да дојдат до некој веродостоен заклучок за потеклото на коронавирусот.

Еден дел од разузнавачката заедница, сепак, разви „умерено верување“ дека првата инфекција со ковид на човекот веројатно е резултат на „инцидент поврзан со лабораторија, веројатно вклучен експеримент, ракување со животни или земање мостри од Институтот за вирологија Вухан во Кина.”

Кон крајот на мај, Бајден побара од американските разузнавачки служби да поднесат нов извештај во рок од 90 дена, откако ги истражи спротивставените теории на три агенции: две кои имаа тенденција да претпоставуваат дека вирусот е предизвикан од човечки контакт со заразено животно, додека третиот бил склон кон „лабораториско сценарио”

Во извештајот се заклучува дека аналитичарите не можат да дадат „конечно објаснување“ без нови информации од Кина, како што се клинички примероци и епидемиолошки податоци за најраните случаи.

Кина претходно ја отфрли теоријата дека „Ковид-19“ избега од виролошката лабораторија во Вухан и ги претстави своите ставови за потеклото на пандемијата, а едно од нив е дека вирусот избегал од американската лабораторија во Форт Детрик, Мериленд, во 2019 година.

Loading...