Американските и европските берзански индекси во пад

Сподели со своите пријатели

Вредноста на главните американски берзански индекси е во пад пред денешното отворање на берзите во САД – Dow Jones се лизна на 35.282,52, како и S&P 500 – на 4.513,39, а Nasdaq – на 13.973,45.

Loading...

Агенцијата Fitch Ratings во вторникот го намали кредитниот рејтинг на Соединетите Американски Држави, од највисокото ниво со ААА за една оценка, на ниво АА+, што значително се одрази на падот на берзанските индекси во Америка, но и во Европа.

Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 10:00 часот падна на 15.816,55, исто како и лондонскиот FTSE 100 – на 7.448,80, а францускиот CAC 40 – на 7.217,14.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Тајмс“: Британската морнарица ќе користи технологија со ВИ за следење на руски подморници

Московскиот MOEX се лизна на 3.103,24.

Според податоците на берзата, цената на суровата нафта паднала на 79,260 долари за барел, исто како и цената на нафтата од типот Брент, на 82,237 долари.

Европските фјучерси на гас се продаваа денеска на отворањето на берзата ТТФ по цена од 28,765 евра за мегават-час.

Цената на златото скокна на 1.936,68 долари за унца, како и цената на пченицата, на 64.366 долари за бушел (бушел е еднаков на 27.216 кг).

Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,09171, што е приближно исто како и вчера.

Loading...