Влијателната федерална комисија на експерти во САД го отфрли предлогот за дополнителна доза на вакцината „Фајзер“, но одобри дополнителни дози за лица кои се над 65 години.
Тие, исто така, ја одобрија третата доза за луѓе кои се изложени на висок ризик да добијат тешка форма на болеста.
По неколкучасовна дискусија, членовите на панелот надворешни експерти на Американската администрација за храна и лекови (ФДА) гласаа против предлогот да се даде третата доза на мнозинството Американци, со 61 глас „за“ .
Следуваше второ гласање кога комисијата изгласа давање трета доза на вакцината Фајзер на луѓе постари од 65 години и со висок ризик да добијат потешка форма на болеста.
Американските експерти препорачуваат дополнителна доза шест месеци по добивањето на втората доза. Експертите изразија фрустрација за време на дискусијата, бидејќи, според нив, компанијата Pfizer дала малку информации за безбедноста на давање дополнителни дози на вакцината.
Отфрлањето на предлогот да се даде дополнителна доза е удар за администрацијата на претседателот Бајден и неговите планови да им даде вакцини на повеќето Американци за да се заштитат од делта вирусот.