Американските демократи го доведуваат во прашање испраќањето оружје на Израел за Газа

Сподели со своите пријатели

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден се соочи со повици од нејзината Демократска партија да изврши притисок врз Израел да ја ублажи хуманитарната криза во Газа, при што некои велат дека може да се обиде да ја запре воената помош доколку не се подобрат условите за живот на цивилите.

Loading...

„Мораме да ги искористиме сите лостови што ги имаме. Досега администрацијата не го искористи целото свое влијание. Не знам уште колку деца треба да гладуваат пред да го искористиме целото наше влијание овде, но тие навистина мора да направат повеќе“, изјави за новинарите демократскиот сенатор и член на Комитетот за надворешни односи Крис Ван Холен, пренесува Хина, цитирајќи Ројтерс.

Ван Холен и другите пратеници ја повикаа администрацијата да ја запре воената помош за Израел доколку владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху не преземе чекори како што се дозволување хуманитарна помош за Газа.

Белата куќа не одговори веднаш на барањето за коментар.

Администрацијата досега одбиваше да постави услови за помошта што ја испраќа до Израел.

„Уште колку домови и продавници, училишта и дневни центри и болници мора да бидат уништени пред да му кажеме на премиерот Нетанјаху дека е доволно?“, рече демократскиот сенатор Пит Велч во говорот пред сенатот.

Гласачите реагираа на прелиминарните избори

Членовите на Демократската партија ги упатија повиците до администрацијата додека Бајден се подготвува да одржи говор за состојбата на нацијата до Конгресот во кој ќе ги претстави своите политички приоритети.

Израелската офанзива во Газа ги расели повеќето од 2,3 милиони жители на енклавата и доведе до критичен недостиг на храна, вода и лекови.

Loading...

Некои гласачи, особено муслиманите, реагираа на прелиминарните избори, во кои Бајден се бори за номинација на неговата партија за претседателските избори во ноември, со означување на гласачките ливчиња како „неопределени“.

Ван Холен посочи дека американскиот закон не дозволува продажба на оружје на земјите кои ја блокираат хуманитарната помош и предупреди дека тој и другите пратеници може да се обидат да ја запрат продажбата на ново оружје на Израел доколку владата во Тел Авив не се заложи за решавање на кризата.