Сенатот на САД едногласно усвои резолуција со која се осудува рускиот претседател Владимир Путин како воен злосторник, што е редок израз на единство во длабоко поделениот Конгрес.
Резолуцијата, претставена од републиканскиот сенатор Линдзи Греам и поддржана од сенатори од двете страни, го повикува Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг и другите земји да го гонат руската војска во секоја истрага за воени злосторства извршени за време на руската инвазија на Украина.
Објавена снимка од моментот кога руски проектил погодува 12-катница во Киев (ВИДЕО)
– Сите ние во оваа сала се обединивме, со демократите и републиканците, да кажеме дека Владимир Путин не може да ја избегне одговорноста за злосторствата извршени врз украинскиот народ – рече лидерот на демократското мнозинство во Сенатот Чак Шумер во говорот пред гласањето. пренесува АП.
Русија својата акција ја нарекува „специјална воена операција“ за демилитаризација и „деназификација“ на Украина. Путин, исто така, ја нарече земјата американска колонија со марионетски режим и без традиција на независна државност.
Најмалку 500 луѓе загинаа во Харков, тврдат украинските служби
Москва нема окупирано ниту еден од 10-те најголеми градови во земјата од инвазијата што започна на 24 февруари, најголемиот напад врз европска земја од Втората светска војна.