Американскиот Конгрес синоќа усвои закон за трошење во износ од 1,5 милијарди долари, со кој, меѓу другото, се предвидуваат средства од 13,6 милијарди долари за итна помош за Украина.
Со големо мнозинство, Сенатот, горниот дом на американскиот Конгрес, го усвои законот, со што им се придружи на колегите од Претставничкиот дом, кои во средата дадоа „зелено светло“.
Сцени од Днепар по гранатирањето: Градот нападнат првпат од почетокот на операцијата
Водачот на демократското мнозинство во Сенатот, Чак Шумер, изјави дека САД на тој начин го исполниле ветувањето дека ќе ги поддржат Украинците кои се борат за своите животи „против злобниот Владимир Путин“, пренесува американската агенција АП.
Сумата од речиси 14 милијарди долари помош за Украина, која ја одобри Конгресот, е повеќе од двојно од онаа што првично ја побара администрацијата, се додава во информацијата.