Американски војници случајно открија информации за нуклеарно оружје во Европа

Сподели со своите пријатели

Тајните информации за точните локации на американското нуклеарно оружје на Стариот континент и во Турција, беа откриени по грешката на американските војници кои користеле апликации за учење преку интернет.

Loading...

Во базите во Европа и Турција, каде што се наоѓаат нуклеарните боеви глави, тие користеле јавни апликации за учење преку интернет за да запомнат сложени протоколи за безбедност користејќи ги сајтовите Quizlet, Chegg Prep и Cram за да запомнат кодови, жаргони, па дури и статус на нуклеарни силоси со боеви глави, пишува истражувачкиот сајт Белингет.

Иако европските земји обично не сакаат да коментираат за специфичните локации на американскиот нуклеарен арсенал на нивно тло, бројни документи, фотографии и изјави на пензионирани воени претставници често го потврдуваат присуството на тие оружја.

Откако протекоа информациите, откриено е точно колку тајни локации има, како и во кои силоси има нуклеарни боеви глави, а во кои ги нема.

Пребарувањето на споменатите страници открило мемориски картички користени од активни војници, на кои биле споменати поими поврзани со нуклеарно оружје.

Самата истрага резултирала во откривање на неколку комплети картички со информации за базите во Германија, Холандија и Турција.

Една група од 70 картички наречена „Study“ ја открила точната локација и точниот број на борбени и неборбени ракети во воздухопловната база „Волкел“ во Холандија, што властите на земјата ги сметаат за тајна.

Други сетови картички откриле како војниците треба да реагираат кога ќе се најдат во опасност, каде се наоѓаат локациите на безбедносните камери, како и кои шифрирани пораки можат да ги користат.

Loading...

Leave a Reply