Американскиот воен брод денеска мина низ Тајванското Море, што САД го нарекуваат рутинска активност, но, според Ројтерс, тој потег секако ја иритира Кина.
Loading...
Разурнувачот на американската морнарица „Ралф Џонсон“ изврши „рутински“ премин низ меѓународните води, соопшти американската седма флота.
– Поминувањето на бродот низ Тајванското Море ја одразува американската посветеност на слободен и отворен Индо-Пацифик. САД летаат, пловат и оперираат секаде каде што дозволува меѓународното право – изјави портпаролот на Седмата флота, Николас Линго.