Американскиот суд во понеделникот дозволи заплена на два авиони во сопственост на рускиот олигарх Роман Абрамович, наведувајќи ги прекршувањата на забраната за извоз и американските санкции против Русија, соопшти американското Министерство за правда.
Федералниот судија во Њујорк ја одобри заплената што ја побарале федералните агенти, а тоа се авионите Боинг 787-9 и Гулфстрим Г650ЕР, чија вредност се проценува на повеќе од 410 милиони американски долари.
Авионите се во сопственост и контролирани од рускиот милијардер и поранешен сопственик на фудбалскиот клуб Челзи.
Американскиот суд тврди дека двата авиони биле увезени во Русија од трети земји во март.
Боинг моментално е со седиште во Обединетите Арапски Емирати, а Gulfstream е во Русија.
Не е јасно како американските власти ќе имаат можност да ги запленат авионите, но сигурно е дека оваа пресуда во иднина ќе го отежне меѓународното патување на тие авиони.
Американските власти побараа и парична казна од двојно поголема од вредноста на авионот.
Абрамович е еден од многуте руски милијардери погодени од санкциите поради руската инвазија на Украина.