Американски претставници: Киев би можел да падне за 96 часа!

Сподели со своите пријатели

Американските власти велат дека главниот град на Украина, Киев, би можел да падне во рок од 96 часа, а владата на државата може да падне во следните седум дена.

Како што анонимно изјавија за „Њузвик“, целта на Москва е да ја принуди Украина да се предаде или да ги уништи.

„Откако ќе завршат првичните напади и ќе започне војната на копното, Киев ќе падне за неколку дена. Армијата би можела да издржи малку подолго, но не предолго“, вели функционер кој имал искуство со Русија.

Тој исто така смета дека следните чекори ќе зависат многу од волјата на Џо Бајден, претседателот на САД, да и помогне на Украина и да продолжи со „провокациите кон Русија“.

Извор близок до владата на украинскиот претседател Володимир Зеленски се согласува со тврдењето дека Киев може да падне толку брзо, но не мисли дека владата брзо ќе падне.

„Прерано е да се каже, мислам дека Украина се справува со оваа ситуација подобро од очекуваното“, рече тој.

„Мое мислење е дека ова е реална можност. Сепак, мислам дека првите 24 часа се најкритични“, додаде еден функционер на НАТО, пренесува Вечерњи лист.