Новинар на мрежата CBS Сет Дуен, единствениот американски известувач од подрачјето на Сирија, прошета низ улиците во Дамаск за да Сиријците во престолнината ги праша за мислење за заканите од Ваштингтон за воен удар, но од одговорите заклучи дека „тоа можеби им е на умот, но баш и не се приметува“.
Известувачот вели дека „претседателот на САД Доналд Трамп би можел да го казни режимот на Асад поради наводниот напад со хемиско оружје изведен врз цивилите во Сирија“, поточно во градот Дума.
Студентот по медицина Халид ал Аназ (23) вели дека „ништо не работи на поинаков начин откако ги слушнал вестите на Вашингтон“.
– Водан вообичаен живот, наведува Ал Аназ.
Дуен го опишува „типичен четврток во работничкиот, станбен дел од Дамаск, каде луѓето слушнале за наводен хемиски напад и едноставно не веруваат дека нивната Влада стои зад него“.
– Како Трамп моеж да знае дали хемиското оружје го користел етерористите или сирискава влада тоа го направила? – прашува овој студент.
Американскиот репортер наведува дека „сирискиот претседател Башар ал Асад“ делувал наизглед мирно и не покажал знаци на вознемирување во повеќе ситуации оваа недела и рекол дека заканите со акции кои пристигнуваат од Западот се засноваат на лаги“.
Loading...
Али Џалал, вработен во продавница за облука, вели дека „не се плаши од можниот американски удар“.
– Кај нас е војна веќе со години, порачува Џалал.
– Кај нас војната трае веќе седум години, порача Џалал. Додава дека „станале рамнодушни по толку војување“ и дека „всушност се прашува дали САД навистина ќе преземат акција“.
Дуен наведува дека побарал дозвола од сириските власти да ја посети Дума, каде хамискиот напад надовдно се случил и каде Русија, како најсилен сојузник на Сирија на воено поле, вчера прогласи победа, а дека добил одговор оти таму „и натаму е опасно и дека сириската влада се уште не презела целосна контрола“.
Известувачот оценува дека „владата би можела да ја отежне работата на инспекторите за хемиско оружје кои утре треба да ја започнат истрагата“.