Американски милијардер пронајден мртов на канцеларија во Њујорк

Сподели со своите пријатели

Американскиот милијардер Томас Х. Ли (78) извршил самоубиство пукајќи се во својата канцеларија на Менхетен, пишува Њујорк пост.

Loading...

NYPD изјави за Би-Би-Си дека неименуван 78-годишен маж бил пронајден мртов во четвртокот наутро на Петтата авенија 767.

Ова е адресата на која се наоѓаат канцелариите на фирмата на Ли „Томас Х. Ли Капитал“.

Портпаролот на полицијата не потврди дека мажот починал од прострелна рана што си ја нанел само од огнено оружје, истакнувајќи дека причината за смртта ќе ја утврди лекарскиот вештак.

Според Форбс, богатството на Ли изнесувало две милијарди долари. Покрај пионерските откупи со левериџ, Ли беше познат и по тоа што ја купи компанијата за пијалоци Снепл во 1992 година и ја продаде две години подоцна на Quaker Outs за 1,7 милијарди долари, што е 32 пати повеќе од цената за која ја купи.

Ли исто така беше почитуван поради неговата филантропија и служеше како повереник за истакнати уметнички организации во Њујорк, како што се Линколн центарот за изведувачки уметности и Музејот на модерна уметност.

Во 1996 година, Ли донирал 22 милиони долари на својот алма матер Универзитетот Харвард, од кои дел бил искористен за давање финансиска помош на студентите.