Американски хеликоптери вчера пренесоа 96 Авганистанци на аеродром во Кабул за евакуација и сигнализираа дека американски воени летови се одвиваат надвор од контролата на аеродромот во главниот град на Авганистан.
Американски воени претставници за АП изјавија дека американски хеликоптер превезувал Авганистанци, претежно жени и деца, до аеродромот Хамид Карзаи.
Борбениот тим на американската воздухопловна дивизија ги извел Авганистанците од кампот Суливан во близина на аеродромот во Кабул.
Официјални лица велат дека таквите летови траат со денови, додека Авганистанците се обидуваат да ја напуштат земјата, преземена од Талибанците.
Разузнавачките тимови во Кабул им помагаат на Американците и Авганистанците и нивните семејства да стигнат до аеродромот или да го организираат нивното спасување на други начини, според АП.
За оние што живеат во други градови и провинции надвор од Кабул, претставници на ЦИА, сили за специјални операции и воени разузнавачки агенти на терен собираат американски државјани и авганистански државјани кои работеле за САД на однапред определени локации за прием.
Од безбедносни причини, службениците не сакаа да прецизираат каде се овие локации за воздушен транспорт, забележува АП.

