Американски град е „пекол на земјата“: 19 дена по ред температурата надминува 43°C

Сподели со своите пријатели

Екстремните горештини во градот Феникс поставија рекорд во вторник 19-ти последователен ден со температури од најмалку 43 целзиусови степени.

Loading...

Додека климатските промени предизвикани од човекот и временскиот феномен Ел Нињо се комбинираат за да ги соборат рекордите на топлина ширум светот, регионот Феникс се издвојува во САД.

Ниту еден друг голем град немал толку високи температури во текот на денот и дури 32 степени на ноќ, подолга од Феникс.

Низ градот се поставени околу 200 центри за ладење и хидратација, но повеќето се затвораат во раните попладневни часови поради недостиг на работна сила и пари.

Цел свет вриеше и во јуни и во јули

Речиси секој јулски ден просечната температура во светот беше повисока од највисоката измерена во изминатите години, а американските метеоролошки станици соборија повеќе од 860 топлински рекорди во изминатите седум дена.

„Ова веројатно ќе биде еден од најзначајните периоди во здравствената евиденција на градот за смрт и болести“, рече Дејвид Хондула, од градската администрација.

Топлотниот бран во Феникс има и долгорочни и краткорочни причини, рече Ренди Червени од Универзитетот во Аризона.

Долгорочните, во последните децении, се резултат на човековата активност, а краткорочната причина е високиот притисок во западниот дел на САД, наречен „топлинска купола“ – висок воздушен притисок кој не само што носи и создава топлина, туку спречува дождот и облаците да донесат олеснување.

Loading...

„Овој топлотен бран е силен и немилосрден“, вели Кетрин Џејкобс, директорка на Центарот за наука и решенија за климатска адаптација на Универзитетот во Аризона.

„За жал, тоа е предвесник на работите кои доаѓаат“, предупреди таа.