Американската војска трага по остатоците од кинескиот балон кој беше соборен над Атлантикот

Сподели со своите пријатели

Американската војска потврди дека трага по остатоците од кинескиот надзорен балон кој беше соборен над територијалните води на САД во Атлантикот, во близина на брегот на Јужна Каролина.

Loading...

Официјален Пекинг го повика Вашингтон дополнително да не ја ескалира ситуацијата и да не презема активности кои им штетат на кинеските интереси, повторувајќи дека се работи за цивилен воздушен балон кој случајно залута во воздушниот простор на САД, пренесува Ројтерс.

Инцидентот дополнително ги заостри веќе затегнатите односи меѓу двете земји и го натера Вашингтон да ја откаже планираната посета на државниот секретар Ентони Блинкен на Пекинг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ни другите не ги намалуваат емисиите: Трамп ќе има мало влијание врз емисиите на стакленички гасови

Американската морнарица со вклученост на американската крајбрежна стража трага по остатоците од кинескиот балон, изјави американскиот генерал Глен Ван Херк, командант на Северната команда на САД.

Според него, потрагата по балонот се спроведува за да се утврди какви шпионски активности вршела Кина, иако некои американски официјални лица тврдат дека балонот не ја загрозил националната безбедност на САД.