Американската војска пристигна во Кабул за да помогне во евакуацијата на работниците во амбасадата и другите цивили, соопштија денеска официјалните лица.
Пентагон соопшти дека два баталјона маринци и една пешадија ќе пристигнат во Кабул до утре вечер, или околу 3.000 војници.
„Едната група пристигна, другата ќе пристигне до утре вечер“, изјави неименуван американски претставник за Ројтерс.
Една борбена пешадиска единица ќе биде префрлена од базата Форт Брег во Северна Каролина во Кувајт, која ќе дејствува како сила за брза реакција во случај на потреба во Кабул, соопшти Пентагон.
Британија и неколку други западни земји најавија испраќање војници бидејќи отпорот на авганистанските сили е практично скршен и се стравува дека е прашање на денови кога ќе падне и Кабул.
Официјален претставник на авганистанската влада синоќа потврди дека и градот Кандахар, на југот на земјата, паднал во рацете на Талибанците.
Талибанците го зазедоа и градот Херат, на запад од земјата на границата со Иран.