Американската крајбрежна стража (USCG) објави дека пресретнала и запленила кокаин и марихуана во вредност од повеќе од 20 милиони долари (17 милиони евра) од наводни трговци со дрога.
Во соопштението се наведува дека околу 1.006 килограми кокаин и 1.505 килограми марихуана биле истоварени вчера во базата на крајбрежната стража во Мајами Бич, објавува „Њујорк пост“.
„Спречувањето на штетните и нелегални наркотици да стигнат до нашите брегови и да влезат во нашите заедници е тимска работа“, изјави командантот на крајбрежната стража, бродот Нортленд, Брајан Гисмервик.
Голема количина дрога е запленета во меѓународна операција во која учествувале бродови од канадската и холандската морнарица, заедно со морнарицата на Соединетите Американски Држави.
Крајбрежната стража не даде информации за осомничените.