Американската администрација за храна и лекови (FDA) ја одобри вакцината против коронавирус на Moderna за лица над 65 години, објави компанијата.
Вакцината е одобрена и за лица на возраст од 12 до 64 години со барем еден или повеќе фактори на ризик, соопшти Moderna, објави Ројтерс.
FDA објави дека новите бустер дози на вакцината против коронавирус ќе бидат одобрени за помлади здрави луѓе само ако поминат дополнителни испитувања.
Вакцината на Moderna, наречена „mNEXSPIKE“, може да се чува во фрижидери наместо во замрзнувачи за да се продолжи рокот на траење и да се олесни дистрибуцијата, особено во земјите во развој каде што проблемите со синџирот на снабдување би можеле да ги попречат кампањите за вакцинација.
Центрите за контрола и превенција на болести, кои исто така ги надгледува надлежното министерство, објавија во четврток дека вакцините против коронавирус остануваат опција за здрави деца кога родителите и лекарите се согласуваат дека се потребни, објави Танјуг.