Според прелиминарните проценки, американската економија пораснала за 2,4 отсто во вториот квартал во однос на истиот квартал минатата година, објави американското биро за економски анализи (BEA).
Овој резултат е значително подобар од очекуваниот раст од 1,8 отсто што го прогнозираа пазарите.
Годишниот раст на американскиот БДП во првиот квартал изнесуваше 2,0 отсто, така што економскиот раст во САД е забрзан.
Личната потрошувачка порасна за 1,6 отсто на годишно ниво во вториот квартал, забавувајќи се од 4,2 отсто во првиот квартал – но таа и понатаму е висока и еден од главните мотори на економскиот раст.
Потрошувачите потрошиле многу и на услуги – домување и комунални услуги, здравствена заштита, финансиски услуги и осигурување или транспорт – и на стоки – пред сè за рекреативни производи, возила, бензин и други извори на енергија.
Конечните резултати ќе бидат објавени на 30 август.