Американска нафтена опсада: Нема гориво и струја на Куба, земјата е во колапс

Сподели со своите пријатели

Возачите на Куба се соочуваат со можноста да чекаат со месеци за гориво, бидејќи недостигот, што властите го припишуваат на американската „енергетска блокада“, дополнително се влошува.

За да се спречи хаосот пред бензинските пумпи, кубанската влада минатата недела воведе обврска за користење на апликацијата „Ticket“ за закажување термин за полнење гориво.

Сепак, возачите во Хавана за Асошиејтед прес изјавија дека апликацијата нуди термини само со недели или дури и месеци однапред.

„Имам број од седум илјади и нешто“, рече 65-годишниот Хорхе Рејес, кој ја преземал апликацијата во понеделник.

Рејес се пријавил за полнење гориво на бензинска пумпа во Хавана која доделува само 50 термини дневно.

„Кога ќе можам повторно да купам бензин?. Морам да оставам резерва од пет литри во случај некој да се разболи, рече тој.

Апликацијата дозволува пријавување само на една бензинска пумпа во дадено време.

Затоа возачите разменуваат информации во WhatsApp групите за тоа каде има помалку гужви и кои станици имаат поголем капацитет, бидејќи некои издаваат до 90 закажувања дневно.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Британската полиција апси 1.000 педофили секој месец

Сепак, ова малку им значи на оние кои ја преземале апликацијата и откриле дека пред нив чекаат до 10.000 кандидати.

Кубанската влада престана да продава бензин по субвенционирана цена од околу 0,25 долари за литар во локална валута, а сега само поскапото гориво се продава по 1,30 долари за литар. На црниот пазар, цената достигнува до шест долари за литар.

Државните службеници во Куба заработуваат помалку од 20 долари месечно, кога нивниот приход се претвора во кубански пезоси по пазарна цена.

Кога возачите конечно ќе дојдат на ред, им е дозволено да наполнат максимум 20 литри гориво.

„Нема да ми трае долго. Морам да оставам резерва од пет литри во случај некој дома да се разболи и да треба да оди во болница“, рече претприемачот Ариел Алонсо откако наполни гориво на станицата Ел Ривиера.

Трамп се закани со царини за секоја земја што продава нафта на Куба

Апликацијата „Ticket“ ја управува државната софтверска компанија XETID. Нејзиниот комерцијален директор, Саумел Техада, минатата недела изјави за порталот Cuba Debate дека повеќе од 90.000 возачи побарале термин за полнење гориво преку апликацијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Рекоа „не“ на нацистичките духови и воведуваат големи промени: Ќе станат шпионска сила во Европа

Апликацијата постои веќе три години и претходно се користела за закажување термини кај нотари и на бензински пумпи каде што можело да се плати во локална валута.

Денес, тоа е речиси единствениот начин да се добие гориво, освен купувањето на црниот пазар.

Исклучок се возилата во туристичкиот сектор.

Тие имаат посебни регистарски таблички и можат да се полнат со гориво на 44 пумпи низ островот, иако има и долги редици.

Како и другите, тие можат да купат максимум 20 литри.

Недостатокот на гориво и прекините на електричната енергија се интензивираа овој месец, бидејќи Куба се бори да увезе нафта за своите електрани и рафинерии.

Кон крајот на јануари, американскиот претседател Доналд Трамп се закани со царини за секоја земја што продава нафта на Куба, засилувајќи го притисокот на Вашингтон врз комунистичката влада во Хавана за спроведување економски и политички реформи.

Кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел изјави дека е подготвен да преговара со САД „како рамноправен“ и без да се откаже од суверенитетот.

Тој го обвини Вашингтон за спроведување „енергетска блокада“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Секој петти производ од риба и морски плодови би можел да е лажен

Одложен саем на книгата и годишен фестивал на пури

Венецуела, еден од главните снабдувачи со нафта на Куба, ги прекина испораките во јануари откако американските власти го уапсија тогашниот претседател Николас Мадуро и го префрлија во Њујорк, каде што се соочува со обвиненија за трговија со дрога.

Мексико, исто така, ги прекина испораките на нафта за Куба во јануари, по заканата на Трамп со царини.

Банките на островот го намалија работното време за да заштедат електрична енергија, а кубанската влада претходно овој месец објави дека нема да ги полнат авионите што слетуваат на Куба, што ги натера три канадски авиокомпании да откажат летови.

Други компании ќе продолжат да летаат, но ќе слетаат во Доминиканската Република за да полнат гориво.

За да се заштеди гориво и електрична енергија, саемот на книгата и годишниот фестивал на пури беа одложени.

Група експерти за човекови права на Обединетите нации минатата недела ја осудија „нафтената опсада“ на САД, велејќи дека таа „нема основа во колективната безбедност и е едностран чин некомпатибилен со меѓународното право“.