Американка која на љубовникот му ги отсекла главата и пенисот нападнала адвокат на суд

Сподели со своите пријатели

Омажена американка обвинета за обезглавување на својот љубовник вчера пред суд физички го нападнала својот адвокат.

Loading...

Тејлор Шабизнис (25) го прескокна адвокатот Квин Џоли и го удри со лакт во главата околу 8 часот и 50 минути во судницата во Висконсин.

Конфронтацијата настана откако не се појави сведокот на одбраната кој требаше да сведочи за психичката состојба на обвинетата.

Шабизнис е обвинета за убиство од прв степен, осакатување на труп и сексуален напад.

Мајката на жртвата, кој бил љубовник на обвинетата, ја пронашла отсечената глава на нејзиниот син покриена со пешкир во кофа.

Таа го нападна својот адвокат во судницата

Шабизнис признала во полиција орален секс и употреба на секс играчка врз жртвата по неговата смрт. Но, таа се изјаснила за невина поради ментална болест.

Нејзиниот адвокат вчера требаше да поднесе вештачење, но наместо тоа, на судијата му кажа дека сѐ уште не го комплетирал извештајот.

Судијата неволно се согласи да го одложи судењето, првично закажано за 6 март, и предложи рочиштето да се одржи на 15 мај.

Loading...

Но, тогаш Шабизнис го нападна адвокатот, што беше фатено на камера. Неколку минути подоцна вработен во судот им порача на присутните да ја напуштат судницата.

Во собата во тоа време имало гледачи, други адвокати и новинари, пишува Дејли Мејл.

Кога судот конечно продолжи, околу 10 минути по нападот, Џоли го извести судијата дека планира да поднесе барање да го отстрани како адвокат на обвинетиот.

Прашањето за менталниот капацитет е главна тема во судењето на Шабизнис откако таа беше уапсена минатата година.

Доколку обвинетиот биде прогласен за ментално неспособен да му се суди, судењето ќе биде прекинато и Шабизнис ќе добие дополнително психијатриско лекување.

25-годишникот беше уапсен минатата година откако мајката на Шад Рок Тирион ја пронашла неговата отсечена глава во канта во подрумот.

Ја пронашла главата на својот син во кофа

Тара Паканич (47) на 23 февруари околу 3 часот по полноќ повикала полиција. Таа рече дека ја разбудило удирање на вратата и звук на возило кое се оддалечило.

Потоа забележала дека светлото во подрумот е вклучено, се спуштила и видела кофа на дното од скалите. Внатре ја нашла отсечената глава на синот.

Loading...

Паканич во полиција изјави дека на 21 февруари Шабизнис го земала нејзиниот син околу 21:30 часот. После тоа, поголемиот дел од следниот ден го поминале надвор, а потоа се вратиле во подрумот.

Полицијата набрзо ја пронашла Шабизнис, тренерката ѝ била полна со крв, имала гребаници на рацете и расекотина на левиот палец. Шабизнис е мажена жена, а неодамна го роди синот Матео.

Кога полицијата ја прашала што се случило таа вечер, таа прво одговорила дека во одреден момент изгубила свест и дека не ги знае деталите.

Таа во полиција изјавила дека таа и Тирион имале намера да имаат секс и дека тој направил два метални синџири, еден за него и еден за неа.

Рекла дека синџирот си го ставил околу вратот затоа што и претходно практикувале давење за време на односите.

Таа сексуално злоставувала мртво тело

Но, Шабизнис открила некои информации за убиството за време на испрашувањето и подоцна признала што направила.

Таа рекола дека повеќето делови од телото се во подрум, но дека во нејзиното комбе „треба да има стапало или нога“.

Објаснила како го изгубила умот додека го гушила својот љубовник, дека уживала и дека се посилно го стискала.

Loading...

Таа потоа седнала врз него, го задушила додека лежел со лицето надолу на креветот и „чекала да умре“. Подоцна, како што наведува, си поиграла со неговото тело.

„Шабизнис изјавила дека го цицала пенисот на жртвата, му ставила дилдо во устата, а потоа во анусот“, се наведува во обвинението.

Пенисот на Тирион бил пронајден во кофа заедно со неговата глава, додека други делови од телото биле пронајдени во различни кеси во подрумот.

Полицијата го пронашла горниот дел од торзото во торба, заедно со ножот за сечење.

Неговите нозе и некои други делови од телото биле пронајдени врз корпа за перење што се наоѓала на задното седиште од комбето на обвинетата.

Шабизнис им кажала на детективите дека планирала да ги однесе сите делови од телото во комбето, но била премногу мрзелива.

Loading...