Американец загина во израелски напад врз Либан

Сподели со своите пријатели

Еден американски државјанин од Мичиген е меѓу загинатите во неодамнешниот израелски воздушен напад врз Либан, пренесоа американските медиуми.

Loading...

„Детроит њуз“ објави дека е убиен Каме Ахмад Џавад (56), кој бил во Либан да се грижи за својата постара мајка.

Неговите пријатели објавија на социјалните мрежи дека тој е убиен во израелски воздушен напад, објави Sky News.

Портпаролот на Белата куќа подоцна ја потврди неговата смрт, нарекувајќи ја смртта на Џавад трагедија, како и смртта на многу цивили во Либан.

Конгресменката од Мичиген Рашифа Тлаиб, единствената Палестинско-Американка во Конгресот и жесток критичар на американската поддршка за Израел, беше меѓу оние кои реагираа на веста.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Обама со фотографија ги демантираше гласините за развод

Таа во објава на Инстаграм рече дека САД требало да ја искористат својата моќ да бараат прекин на огнот за да се запре убивањето на цивили.

„Веќе изгубивме еден Американец кој беше татко на четири деца“, рекол Тлаиб, пренесува Танјуг.