Американец осуден во Русија за шпионажа на 15 години ригорозна затворска казна

Сподели со своите пријатели

Московскиот градски суд го осуди Американецот со руско потекло, Јуџин Спектор, обвинет за шпионажа, на 15 години затвор, а казната ќе ја отслужи во колонија со максимална безбедност, се наведува во пресудата.

Loading...

Судот ја потврди и казната изречена со претходната пресуда од 120.000 евра.

Нему му беше одреден притвор во средината на август, а деталите за случајот не беа соопштени на суд поради доверливост, пренесува РИА Новости.

Во јуни 2021 година, Судот Остакински во Москва го осуди Спектор на четири години во колонија со максимална безбедност за олеснување на поткупот во особено големи размери.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Британија во страв од враќањето на Асма ал Асад, се бара забрана за влез

Откако таа казна беше укината по жалба, тој доби три и пол години затвор во новото судење во 2022 година.