Еден Американец влегол во куќата на соседот, љубовникот на својата жена, го држел на нишан, му го отсекол пенисот и го однел, соопштиле властите на сојузната држава Флорида.
Медиумите јавиле дека 49-годишниот Алекс Бонила е приведен неколку часа подоцна.
Канцеларнијата на шерифот во округот Гилкрист соопштила дека Бонила провалил во куќата на својот сосед, го врзал и со ножици му ги отсекол гениталиите.
Љубовникот кој е во болница, на властите им рекол дека Бонила потоа го зел неговиот отсечен пенис и избегал во својата куќа преку патот, наведуваат тамошните власти.
Во извештајот за приведувањето стои дека Бонила и во мај ја затекнал својата сопруга во сексуален однос со соседот.
Image by Darko Djurin from Pixabay