Американец (84) до смрт ја претепал сопругата. Се скарале за трошоци на ветеринарот

Сподели со своите пријатели

84-годишен маж од американската сојузна држава Пенсилванија е обвинет за убиство на својата сопруга по расправија околу финансиските трошоци за ветеринарната нега на нивната мачка.

Бартон Селтман е уапсен во вторникот откако полицијата ја пронашла неговата сопруга Маргарет Селтман (85) мртва, објави NBC News.

„Двојката се расправала за пари за ветеринарната нега на нивната мачка, а конфликтот во еден момент станал физички. Доказите пронајдени на местото на настанот укажуваат дека жртвата била удирана неколку пати во главата додека лежела на подот во кујната”, соопшти полицијата.

„Таа грабна нож, се закани дека ќе ме убие“

Властите велат дека Селтман сам ги повикал властите по инцидентот.

Кога пристигнале, полицајците нашле маж на задниот трем со крв на рацете, лицето и облеката.

Селтман првично рекол дека некој ја претепал неговата сопруга, но подоцна признал дека ја нападнал откако таа го грабнала ножот и му се заканувала дека ќе го убие.

Селтман на полицијата и рекол дека фатил стол и ја турнал сопругата, која потоа паднала и ја удрила главата на подот.