Американските сили се во завршна фаза на евакуација од Кабул, а нешто повеќе од 1.000 цивили на аеродромот чекаат да се качат во авионите пред да се повлечат војниците.
Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека ситуацијата на терен сѐ уште е многу опасна, а заканата од терористички напади на аеродромот во Кабул е голема.
Американски официјален претставник за Ројтерс изјави дека на аеродромот останале помалку од 4.000 војници, наспроти 5.800 во екот на мисијата за евакуација и дека САД и нивните сојузници депортирале околу 113.500 луѓе од Авганистан во последните две недели.
Талибански претставник за Ројтерс изјавил дека се подготвени да ја преземат контролата врз аеродромот, а вчера имаше значително помалку луѓе за евакуација, додека Вашингтон се подготвуваше да ја заврши својата мисија.