Соединетите Американски Држави ставија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации за „прием на државата Палестина во ОН“.
Loading...
„За“ гласаа 12 земји-членки, а воздржани беа Велика Британија и Швајцарија.
За усвојување на резолуцијата потребни се девет гласа, но под услов ниту една од петте постојани членки (САД, Велика Британија, Франција, Русија и Кина) да не гласа против.
Доколку Советот за безбедност на ОН ја усвоеше резолуцијата, на Палестина ќе и требаше поддршка од две третини од Генералното собрание на ОН за да стане полноправна членка.
ПРОЧИТАЈТЕ И: Фон дер Лајен: ЕУ сака договор, но е подготвена за сите сценарија со царините на Трамп