Американците објавија снимки од операцијата „Епски бес“ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Американската централна команда (ЦЕНТКОМ) објави дека нема извештаи за американски жртви или повредени по нападот во Иран и дека операциите не се загрозени. Штетите на американските објекти се минимални, објави ЦЕНТКОМ на социјалните мрежи.

„По првичниот бран напади на САД и партнерите, силите на ЦЕНТКОМ успешно се бранеа од стотици ирански ракети и беспилотни летала. Нема извештаи за американски жртви или повредени во борбите. Оштетувањето на американските објекти беше минимално и не влијаеше на операциите”, се вели во соопштението.

Нападите беа извршени како дел од операцијата Epic Fury. Користена е прецизна муниција лансирана од воздух, од копно и море“ и „евтини еднонасочни јуришни беспилотни летала“, се додава во соопштението на Централната команда.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стејт департментот издаде итно соопштение: Американците ширум светот се во опасност

Епски бес

САД и Израел утринава го нападнаа Иран. Најмалку три експлозии се слушнаа во Техеран, главниот град на Иран, а беа погодени и голем број други ирански градови.

Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека нападот ќе стави крај на безбедносната закана за САД и ќе им понуди на Иранците можност да ги соборат нивните владетели.

Израелската влада прогласи вонредна состојба поради очекуваната иранска одмазда со беспилотни летала и балистички ракети.

Пентагон објави дека американскиот напад бил наречен „Епски гнев“. Израелците, пак, нивната операција ја нарекуваат „Крик на лавот“.

Иран возврати со истрелување ракети кон Израел, соопшти израелската армија. Иран изврши напади и врз американски воени локации во Бахреин, Обединетите Арапски Емирати, Катар…

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ирански напади врз Израел: Сирени и експлозии во Ерусалим и северот на земјата