Американците ја обвинија Данска за окупација на Гренланд

Сподели со своите пријатели

Гувернерот на Луизијана и специјален пратеник на САД за Гренланд, Џеф Ландри, изјави дека Данска го „повторно окупирала“ островот по Втората светска војна, потег со кој се заобиколени правилата на Обединетите нации.

„Историјата е важна. САД го бранеа суверенитетот на Гренланд за време на Втората светска војна кога Данска не можеше. По војната, Данска повторно го окупираше – заобиколувајќи го и игнорирајќи го протоколот на ОН“, напиша Ландри на X.

Тој истакна дека ставот на Гренланд кон САД „треба да биде гостопримлив, а не непријателски“.

На 21 декември 2025 година, американскиот претседател Доналд Трамп го назначи гувернерот на Луизијана, Џеф Ландри, за специјален пратеник на земјата за Гренланд.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Австралија до своите граѓани: „Напуштете го Иран веднаш“

По неговото назначување, Ландри изјави на X дека ќе се обиде да го стави островот под контрола на САД.

Изјавата предизвика дипломатски скандал во Копенхаген, за што данското Министерство за надворешни работи го повика американскиот амбасадор, Кен Хауери.

Гренланд е автономен регион на Данска.

Во 1951 година, Вашингтон и Копенхаген, покрај нивните сојузнички обврски кон НАТО, го потпишаа Договорот за одбрана на Гренланд.

Според него, САД ветиле дека ќе го бранат островот од агресија.