Американците денеска се обидуваат да слетаат на Месечината за прв пат по половина век

Сподели со своите пријатели

Вселенското летало „Одисеј“ ќе се обиде да слета на Месечината вечерва, нешто пред полноќ по наше време.

Loading...

Тоа е првиот обид на САД за слетување на Месечината по повеќе од половина век и крајот на програмата Аполо во 1972 година.

– „Одисеј“, беспилотната лунарна сонда на компанијата Intuitive Machines, треба да се обиде да слета во областа на Јужниот пол во 22:30 UTC (што е 23:30 по средноевропско време). Следете го преносот во живо додека научните инструменти за проучување на регионот пристигнуваат на Месечината – објави американската агенција НАСА на Икс (Твитер).

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп: Оставив детални упатства во случај да бидам убиен. Ќе ги избришат од лицето на земјата

 

 

НАСА, со која Intuitive Machines има договор за оваа мисија, најави и директен пренос од слетувањето во кратерот Малаперт А во регионот на Јужниот пол.

„Одисеј“ синоќа успешно влезе во орбитата на Месечината и оттаму ги испрати првите слики кои беа поставени на сметката на социјалната мрежа Х.

Loading...

 

 

– „Одисеј“ прелета покрај блиската страна на Месечината откако влезе во орбитата на Месечината на 21 февруари 2024 година. Сондата е во одлична здравствена состојба дури и во орбитата на Месечината – објавија Intuitive Machines.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ел Салвадор во затворите ќе ги прими депортираните и криминалците од САД

 

 

Одисеј полета од Земјата на 15 февруари со ракета Фалкон 9 од вселенскиот центар Кенеди во Флорида.

Loading...

Ова е втор обид на американска приватна компанија да ја освои Месечината оваа година. Претходниот, со вселенското летало Peregrine, доживеа дебакл веќе во орбитата, кога откажа резервоарот за гориво.

Досега само пет земји успеале да извршат таканаречено меко слетување на Месечината – СССР, САД, Кина, Индија и Јапонија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Рубио: Владите на Никарагва, Венецуела и Куба се „непријатели на човештвото“

Сепак, интересно е што двете земји кои први го освоија сателитот на Земјата – Советскиот Сојуз (Русија) и Америка – не го направија тоа повторно од 1970-тите, додека во 21 век на азиските сили Кина, Индија и Јапонија успеаја да го направат тоа.