Американските разузнавачи знаеле за намерата на шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин, да се побуни против руската влада, а нивните информации биле толку точни и детални што имале информации „каде и како Вагнер планирал да напредува“, пишува CNN.
Сепак, САД не сакале да ги споделат овие разузнавачки информации со сите сојузници на НАТО.
Меѓу оние кои добиле увид во планот на Пригожин од САД биле „високи британски функционери“.
Не било јасно кога точно ќе дејствува Пригожин, велат изворите на Си-Ен-Ен, но „одлуката се чини дека е донесена по најавата на руското Министерство за одбрана на 10 јуни дека сите приватни воени компании, вклучително и Вагнер, ќе бидат принудени да потпишат договори со руската армија“.
Разузнавањето било толку тајно што во САД било испратено само до највисоките административни службеници, како и група од осум членови на Конгресот, кои имаат пристап до најчувствителните разузнавачки работи.
Тајноста околу разузнавањето била причината зошто некои високи европски функционери, па дури и високи функционери низ американската влада, беа изненадени од нападот на Пригожин во петокот и брзината со која силите на Вагнер маршираа кон Москва, изјавија извори за Си-Ен-Ен.