Америка има можност да ги прошири санкциите кон Русија и да ги покрие стратешки важните сектори на руската економија.
„Сè уште можеме да ги прошириме санкциите. Да преземеме мерки, да ги насочиме санкциите што веќе ги применивме, кон повеќе цели, повеќе сектори и повеќе банки кои досега не сме ги покривале“, изјави заменик-советникот за национална безбедност на американскиот претседател Далип Синг.
Драматични снимки од рактерираниот трговски центар во Киев (ВИДЕО)
На прашањето на новинарите на што точно би се однесувало тоа, Синг одговори дека тоа се „командните височини на руската економија“, стратешки најважните сектори.
„Најмногу се работи за нафта и гас, но има и други сектори. Не сакам да ги прецизирам, но мислам дека рускиот претседател Владимир Путин знае што е во прашање“, нагласи американскиот функционер.
Персоналот во Чернобил ротираше за прв пат по речиси еден месец
Синг, исто така, изјави дека санкциите на Америка и сојузниците на руската економија го принудиле Путин да преземе „некои очајни мерки“.
„Тој ја изолира економијата на својата земја. Русија сега е на брз пат кон советски начин на живот како советски стил. Се соочува со економска бездна и тоа е резултат на изборите на Путин и тоа може да се види од неговите реакции каде води“, рече Синг, нагласувајќи дека „ова е војна и санкции на Путин, чиј товар го става на рускиот народ“, пренесува Танјуг.