Америка одобри продажба на 40 авиони на Турција за 23 милијарди долари

Сподели со своите пријатели

Американската влада одобри продажба на 40 нови борбени авиони Ф-16 на Турција во вредност од 23 милијарди долари, откако Анкара го ратификуваше приемот на Шведска во НАТО.

Loading...

Договорот вклучува и комплети за модернизација на 79 постоечки турски авиони Ф-16, пренесува АП.

Потегот дојде само неколку часа откако Турција во петокот го депонираше својот „инструмент за ратификација“ за прием на Шведска во НАТО кај Вашингтон, дом на архивата на документи на алијансата, и откако неколку клучни членови на Конгресот ги повлекоа своите приговори.

Американскиот Стејт департмент го информираше Конгресот дека одобрил и продажба на 40 борбени авиони Ф-35 на Грција, кои чинат 8,6 милијарди долари.

Турција долго време се обидува да ја надгради својата флота Ф-16 и ратификацијата на членството на Шведска во НАТО ја условува со одобрување на купувањето на авионот од страна на американската администрација.

Анкара го ратификуваше приемот на Шведска во НАТО по повеќе од една година одложување, што предизвика тензии во алијансата.

Турскиот парламент ја ратификуваше кандидатурата на Шведска оваа недела, а претседателот Реџеп Таип Ердоган ја потпиша ратификацијата во петокот.

Американскиот претседател Џозеф Бајден потоа ја повика американската администрација да ја одобри продажбата на Ф-16 „без одлагање“.

Loading...