Доколку супервулканот во Јелоустон оживее, и тоа со ерупција од осма категорија, од 50 американски сојузни држави би можеле да останат само 30, предупредува познатиот физичар Мичио Каку.
Во „зона еден“ која е во радиус од 150 километри, веднаш би загинале околу 70.000 луѓе.
„Зоната два“ која започнува по 150 километри, би била прекриена со десет стапки вулкански пепел на 450 степени целзусови.
– Дури по втората фаза, се подобруваат шансите за преживување, но, ако дојде до ерупција, оете на истокот што побрзо можете, порачува Каку.
Надвор од шестата зона се наоѓа место каде луѓето краткорочно можат да бидат најбезбедни во САД, но се зависи од ветерот.
Во Јелоустоун последните месеци се тресе тлото. Познато е дека главните гејезери биле поактивни лани отколку во било која друга година. Тоа би можеле да бидат знаци дека доаѓа ерупција.
– Заборавете на сликата на мечето кое го претставува Јелоустоун. Тука зборуваме за спиена Годѕила. Ако дојде до ерупција од осма категорија, САД ќе бидат буквално уништени, порачува Каку.
Тој напоменува дека, за разлика од метеор од вселената, каде нема предупредување, во случајот со Јелоустон нешто можеда се направи.
Како што објаснува тој, во случај вулканот да стане активен, патиштата би биле „затнати“, па не постои начин да се прегази вулканската пепл, пренесуваат американсктие ТВ мрежи.