Америка испраќа борбени дронови во база во близина на Кина

Сподели со своите пријатели

Американските воздухопловни сили стационираа постојана единица борбени беспилотни летала на Корејскиот Полуостров, зголемувајќи го своето воено присуство во регионот во време на зголемени тензии, објавува CNN.

Во понеделник, 431-та експедитивна извидувачка ескадрила беше активирана во воздухопловната база Кунсан, која се наоѓа на западниот брег на Јужна Кореја јужно од Сеул.

Ќе користи беспилотни летала MQ-9 Reaper, објави американската војска.

Тоа е потег што се надоврзува на неодамнешното преместување на американските борбени авиони F-16 поблиску до границата со Северна Кореја, а доаѓа неколку недели откако Ким Џонг Ун и Си Џинпинг присуствуваа на голема воена парада заедно во Пекинг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Северна Кореја: Никогаш нема да ја запреме нашата нуклеарна програма

Риперите го покриваат целиот регион

Риперите се беспилотни летала со турбопропелер мотор, кои можат да извршуваат разни борбени и извидувачки мисии.

Тие имаат дострел од 2.575 километри и, со полнење гориво во воздух, можат да останат на мисија практично неограничено време.

Нивниот оперативен дострел ја опфаќа цела Северна Кореја (демолитаризираната зона е оддалечена само 240 километри од Кунсан), Источнокинеското Море и Тајван, на околу 1.300 километри, кинеското копно на растојание од само 400 километри и Бохајското Море, каде што кинеската морнарица често одржува вежби, на околу 960 километри.

„Операциите MQ-9 ќе ги поддржат приоритетите за собирање разузнавачки информации, надзор и извидување меѓу САД и Кореја низ целиот Индо-Пацифик“, се вели во соопштението на американските воздухопловни сили.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Фон дер Лајен го поддржа предлогот на Трамп за прекин на војната во Газа

Командантот на новата ескадрила, потполковник Даглас Слејтер, рече дека распоредувањето на Reaper „донесува силна способност во регионот“ и дека целта е да се „поддржи мисијата, да се продлабочи соработката и да се демонстрира заедничка посветеност на безбедноста и стабилноста во Индо-Пацификот“.

Вооружени и за борбени мисии

За борбени мисии, Reaper-ите можат да носат разновидно оружје, вклучувајќи ракети Hellfire и ласерски водени бомби.

Иако не е објавено колкумина ќе бидат стационирани во Кунсан, документите на воздухопловните сили наведуваат дека Командата за специјални операции на САД има 50.

Името на 431-та ескадрила има долга историја. Првпат била активирана во 1943 година во Австралија како ловна ескадрила што ги следела американските бомбардери во Пацификот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тропска бура: Две лица загинаа на Куба

Последен пат била активна во Калифорнија, како тест-единица за Ф-111, сè до нејзиното затворање во 1992 година.

Ова е втората голема промена на воздухопловните сили на САД на Корејскиот Полуостров оваа година.

Во јули започна трансферот на 31 авион Ф-16 и околу 1.000 лица од Кунсан во базата Осан, поблиску до Северна Кореја, каде што ќе ја формираат таканаречената „супер ескадрила“.

Според најавите, трансферот ќе трае најмалку до октомври следната година со цел да се процени дали ја зголемува борбената ефикасност на полуостровот.