Америка и Британија извршија нови воздушни напади во Јемен

Сподели со своите пријатели

САД и Велика Британија извршија два воздушни напади врз пристаништето Рас Иса во јеменската провинција Ходеида, јави телевизијата на јеменските бунтовници Хута Ал-Масир.

Loading...

Воздушните напади уследија откако Хутите ги засилија нападите врз бродовите што минуваат низ Црвеното Море, вклучително и нападот во петокот кој предизвика пожар на танкер што превезуваше гориво, пишува „Тајмс оф Израел“, пренесува Танјуг.

Танкерот Марлин Луанда е оштетен, нема повредени, а помош пружил брод на американската морнарица, објави американската војска на платформата X.

Наведено е дека после тоа американската војска уништила противбродска ракета која Хутите ја впериле во областа на Црвеното Море и која била подготвена за лансирање, пренесе Ројтерс.

Британската агенција за поморски трговски операции (УКМТО) и британската поморска безбедносна компанија „Амбри“ во петокот објавија дека добиле извештаи за напад на брод во Црвеното Море во близина на Аден, Јемен и пожар на бродот.

УКМТО доби извештај за инцидент на приближно 60 наутички милји југоисточно од Аден каде што беше погоден бродот.

Амбри, исто така, рече дека знаел за инцидент југоисточно од Аден, каде што избувна пожар откако трговски брод беше погоден од „проектил“, велејќи дека екипажот е безбеден.

Портпаролот на Хутите изјави дека нивните поморски сили спроведоа операција насочена кон „британскиот танкер за нафта Марлин Луанда“ во Аденскиот залив, што го предизвика пожарот.

Loading...