Америка го одложува тестирањето на интерконтиненталната балистичка ракета

Сподели со своите пријатели

Американската војска објави дека ќе го одложи тестирањето на интерконтиненталната балистичка ракета Минутеман со цел да се смират тензиите откако Русија објави состојба на висока готовност поради нуклеарното оружје.

Loading...

Најавата на рускиот претседател Владимир Путин минатиот викенд за зголемена состојба на подготвеност ги зголеми стравувањата дека руската инвазија на Украина може да доведе до нуклеарна ескалација, додека некои европски претставници најавата на Путин ја гледаат како прикриена закана за Западот, пренесува Ројтерс.

 

Лајен: Дополнителни чекори против Русија доколку ситуацијата се влоши

 

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров вчера изјави дека Третата светска војна, доколку се случи, ќе биде нуклеарна војна, поради што многумина со голема нелагодност ја дочекаа неговата порака.

Пентагон остро ја осуди реториката на руските власти во однос на деструктивното оружје и очекува дека одложувањето на тестирањето на интерконтиненталните ракети ќе послужи како пример за Москва.

„Во овој момент на тензија, свесни сме колку е важно САД и Русија да ги имаат на ум ризиците што може да ги имаат погрешните пресметки за да направат се што е можно за да се минимизираат ризиците“, изјави портпаролот на Пентагон, Џон Кирби.

Loading...

Одлуката за одложување на тестирањето, рече Кирби, треба да покаже дека Соединетите држави немаат намера да се вклучат во „било какви дејствија што би можеле погрешно да се протолкуваат“.

 

Кличко: Ситуацијата во Киев е тешка, но под контрола

 

Кирби изјави дека „не било лесно да се донесе таква одлука“, но САД сакаат да докажат дека се „одговорна нуклеарна сила“.

Британската агенција потсетува дека Minuteman III е клучен дел од американскиот воен арсенал, чиј дострел надминува 9.660 километри и може да достигне брзина од околу 24.000 километри на час.

Овие ракети се сместени во подземни силоси со кои управуваат екипи за лансирање.