Америка е во опасност од „спиечки“ терористички ќелии

Loading...
Сподели со своите пријатели

Иран го предупреди американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе започне акции во САД со терористички „спијачки ќелии“ доколку биде нападнат, во порака испратена еден ден пред американските напади, објави NBC News повикувајќи се на разузнавачки извори.

Информациите стигнале до Трамп преку посредник на самитот на Г7 во Канада минатата недела, кој американскиот претседател го напушти претходно, изјавија двајца американски функционери и лице запознаено со заканата.

Американската администрација, како и безбедносните служби во најголемите градови, се во состојба на висока готовност за каква било потенцијална одмазда од страна на Техеран во рамките на САД, според американската телевизија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кац: Израелската армија моментално напаѓа цели во Техеран со невидена сила

Министерството за внатрешна безбедност предупреди во неделата дека „иранскиот конфликт претставува зголемена закана за САД“.

Иран би можел да започне и сајбер напади врз американските мрежи и да ги таргетира американските владини претставници, според овие извори.

Во саботата навечер, САД бомбардираа три ирански нуклеарни објекти, Фордо, Нетанц и објектот во Исфахан, а повеќе од 125 американски воени авиони учествуваа во нападот.