Франција на 7 јуни ќе испрати нова Статуа на слободата во Соединетите држави, објави во неделата „Журнал ду Диманш“. Статуата на слободата ќе биде транспортирана во Њујорк на 4 јули, на Денот на независноста на САД, и претставува историски врски меѓу Франција и Америка.
Новата статуа ќе биде висока 2,83 метри, односно ќе биде многу пониска од нејзината „голема сестра“.
Статуата на слободата што може да се види од брегот на Њујорк, Франција им ја подари на Соединетите држави во 19 век по повод првиот век на американската независност.

„Сакавме повторно да се поврземе со оваа француско-американска историја“, рече амбасадорот на Франција во САД, Филип Етјен, додавајќи дека Статуата на слободата е „двоен симбол-симбол на слободата, но и на добредојде“, објави „Политико“.
Според „Журнал ду Диманш“, кога оваа идеја била презентирана во јули 2019 година, требало да им покаже на САД дека „Франција сè уште е лојална на духот на пријателството“ меѓу двете земји, што потекнува од нивната заедничка историја.
Франција го поддржала она што Соединетите држави станале по Американската револуционерна војна.
Реализацијата на проектот, сепак, билаодложена поради пандемијата „Ковид-19“, а тој бил обновен во текот на зимата.

Прославата ќе се одржи по повод заминувањето на стауата од Париз, потоа при нејзиното прво пристигнување во САД во Њујорк, а потоа и кога ќе пристигне на предвидената дестинација на 14 јули.
Споменикот ќе биде поставен во градината на резиденцијата на францускиот амбасадор во Вашингтон, каде што ќе остане во следните десет години како „заем“ од конзерваториумот на Министерството за надворешни работи на Франција.
По изборот на Џозеф Бајден за претседател на САД, трансатлантските односи значително се подобрија, пишува politico.eu, иако некои се жалат на упорноста на пристапот на американската „извонредност“.

