Вредноста на акциите на „Apple“ се искачи над 80% оваа година бидејќи многу инвеститори остануваат оптимисти за можностите за понатамошна иновација. Стотици добри вести, особено во втората половина на годината, го потикнаa зголемувањето на цената на акциите.
Во септември, Apple успешно ја „распарчи“ акцијата, т.е. зголемување на бројот на акции (со поделба на 4 нови за една постојна), по што многу (мали) инвеститори порешително купиле акции, па пазарната вредност на компанијата се зголеми на 2300 милијарди долари, што е повеќе од вкупната пазарна капитализација на 100-те најуспешни компании на лондонската берза.
Главниот настан се случи во октомври, кога компанијата го претстави новиот мобилен уред iPhone 12, кој поддржува мобилна технологија од петтата генерација. И покрај критичарите кои тврдат дека потрошувачите не би биле заинтересирани за 5G во времето на пандемијата, според некои извештаи, продажбата била невидена.
Откако двата нови модели на iPhone станаа достапни на пазарот, тие ги надминаа сите ривали, вклучително и уредите на Samsung, освојувајќи скоро четвртина од вкупната продажба на 5G телефони. Apple се очекува да објави финансиски извештаи и податоци за продажбата во последниот квартал од оваа година на крајот на јануари.
Неколку прелиминарни извештаи, објавени во декември, сугерираат дека рекордната продажба на телефони на iPhone ќе биде забележана во Кина. Покрај тоа, новите модели на MacBook и новиот чип Apple M1 исто така беа претставени во ноември.
Успехот на iPhone е најважната приказна за континуираниот раст на компанијата. Во ноември, Bloomberg објави прогнози дека Apple ќе оствари рекордни приходи од над 100 милијарди долари во четвртиот квартал на 2021 година.
Apple објави во декември, т.е. го активираше планот за развој на електрични возила со автоматски пилот, што очигледно претставува влез во пазарниот сегмент во кој доминира Тесла. Проектот, наречен Титан, започна во 2014 година, но напредокот се одвива бавно бидејќи влегувањето во автомобилската индустрија е голем предизвик.
Менаџментот на компанијата едноставно не успеа да најде стратегија за победа. Сепак, Ројтерс објави во декември дека Apple планира да го претстави своето возило веќе во 2024 година, додека оптимистичките аналитичари тврдат дека автомобилите ќе станат следниот главен производ на компанијата. Компанијата исто така објави напредок во развојот на технологијата на батерии, една од клучните ставки за глобалниот пробив на електричните возила.
Во декември беа објавени и извештаи, според кои Apple размислува да соработува со Volkswagen или новата кинеска компанија Nio, која произведува електрични возила. Имаше дури и гласини дека Тесла и Apple ќе се здружат и ќе создадат заеднички модел, кој може да ги обедини двете најпознати и навидум незапирливи брендови во светот.
Сите овие вести предизвикаа раст на акциите на Apple, со скок од над 10%, само во декември