Наредбата на претседателот Владимир Путин да се стават во состојба на висока готовност руските сили за одвраќање, кои вклучуваат нуклеарно оружје, е неприфатлива ескалација, изјави во неделата американската амбасадорка во Обединетите нации Линда Томас-Гринфилд.
Loading...
„Ова значи дека претседателот Путин продолжува да ја ескалира оваа војна на начин кој е целосно неприфатлив и дека мораме да продолжиме да ги запираме неговите постапки на најсилен можен начин“, изјави Томас Гринфилд за Ројтерс.
Таа го изјави ова во интервју за CBS „Face the Nation“.