Американскиот амбасадор во Израел, Мајк Хакаби, изјави дека морал да оди во засолништето пет пати во текот на ноќта поради иранските ракетни напади врз Израел.
„Тешка ноќ во Израел“, напиша Хакаби на платформата X утрово, додавајќи дека Шабат, еврејскиот ден за одмор, треба да биде мирен – но „веројатно нема да биде“.
Американскиот Стејт департмент и Пентагон во среда наредија заминување на небитниот персонал од неколку локации на Блискиот Исток, два дена пред Израел да започне напад врз Иран.
Хакаби е поранешен гувернер на Арканзас, а беше назначен за амбасадор во Ерусалим од страна на американскиот претседател Доналд Трамп во ноември минатата година.
Тој е познат по својата силна поддршка за Израел и контроверзните изјави, вклучително и дека „Палестинците не постојат“.
Been rough nite in Israel. Had to head to shelter 5 times during the nite. It’s now Shabbat here. Should be quiet. Probably won’t be. Entire nation under orders to stay near shelter. https://t.co/7pe1qfyif7
— Ambassador Mike Huckabee (@GovMikeHuckabee) June 14, 2025