Амбасадорот на Романија во Русија прогласен за персона нон грата

Сподели со своите пријатели

Амбасадорот на Романија во Русија, Кристијан Истрате, е поканет во Министерството за надворешни работи на Русија, каде му била врачена нота со која вработениот во амбасадата на таа земја е прогласен за персона нон грата, соопшти денеска руското МНР.

Loading...

Се истакнува дека „оваа мерка е одговор на претходно немотивираната одлука на романската страна да го прогласи дипломатот на руската амбасада во Букурешт за персона нон грата“, пренесува РИА Новости.

Во мај Романија одлучи да го прогласи рускиот дипломат за персона нон грата, а романските власти објавија дека дипломатот наводно ги прекршил одредбите од Виенската конвенција за дипломатски односи од 1961 година.