Амбасадорот на Европската Унија денеска ќе го посети Куманово

Сподели со своите пријатели

Михалис Рокас, Шеф на Делегацијата на Европската Унија во Македонија, денеска ќе го посети Куманово.

Оваа активност е дел од серијата општински посети преку кои граѓаните и институциите имаат можност да се запознаат со придобивките од процесот на пристапување во Европската Унија.

– Преку ваквите посети се истакнува важноста на интеграцијата и нејзиниот придонес во развојот на локалните заедници, велат од делегацијата на ЕУ.

Амбасадорот Рокас во текот на посетата ќе се сретне со градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

Шефот на ЕУ-делегацијата ќе разговара и со членовите на Советот на општината.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Сончево и топло со свежи утра

Во рамки на своите активности, амбасадорот ќе има дискусии и со претставници на невладините организации, како и со младите и со граѓаните во „Занаетчиски дом“.

Никола Ивановски