Амбасадорот на Азербејџан и неговата сопруга нападнат во Брисел

Сподели со своите пријатели

Амбасадорот на Азербејџан во НАТО и неговата сопруга биле нападнати и ограбени во Брисел, јавија денеска медиумите.

Loading...

Тие се движеле по авенијата Луиз во вторникот, кога биле нападнати од две лица кои ги следеле, пишува Брисел тајмс, повикувајќи се на весникот Het Nieuwsblad.

Еден од осомничените замавнал со огнено оружје и ги удрил амбасадорот и неговата сопруга по главата, кои обилно искрвариле.

Двајцата се пренесени во болница на преглед.

При нападот биле украдени два часовници Ролекс во вкупна вредност од 90.000 евра.

Обвинителството во Брисел потврди дека е покрената истрага за инцидентот, но одби да даде дополнителни информации.

Белгиските власти допрва треба да го потврдат идентитетот на повредените.