Амбасадата на САД во Турција ги предупреди Американците за можни напади во Истанбул

Сподели со своите пријатели

Американската амбасада во Турција денеска ги предупреди Американците за можни терористички напади врз цркви, синагоги и дипломатски претставништва во Истанбул, што е второ вакво известување од амбасадата за четири дена, по палењето на исламската света книга Куран во Европа.

Loading...

Американската амбасада предупреди на можни одмазднички напади на терористите во областите на Истанбул каде што посетуваат западни туристи, особено во областите Бејоглу, Галата, Таксим и Истиклал во градот.

Неколку амбасади во Анкара, вклучително и САД, Германија, Франција и Италија, во петокот издадоа предупредувања за можни напади на места за богослужба, по одделни инциденти во кои беа палени Курани во Шведска, Холандија и Данска.

Турција во саботата ги предупреди своите граѓани за можни, како што наведе, „исламофобични, ксенофобични и расистички“ напади во САД и европските земји, објави Ројтерс.

Куранот го запали лидерот на данската крајнодесничарска партија „Тврда линија“, Расмус Палудан, кој има и шведско државјанство.