Амбасадата на Република Словачка донираше возило за кумановската Итна помош (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Службата за Итна медицинска помош од Куманово денеска е побогата со уште едно санитарно возило, благодарение на донацијата на Амбасадата на Словачка која го продолжува својот проект за доопремување на здравствените институции во Република Македонија.

 

 

Како што вели Мартин Безак, амбасадор на Република Словачка, ако оваа возило спаси само еден живот неговата вредност е непроценлива.

Почнавме пред две години со Здравствениот дом во Скопје, продолживме  минатата година во Битола и еве трета среќа Здравствен дом Куманово. Тоа е еден вид вин-вин соработка, би сакал да се заблагодарам и на компанијата „Фалк Захрана“, во превод „Фалк спасувачка“, тоа е водечка словачка спасувачка фирма во овој сегмент која возилата ги обезбеди. Финансиите ги обезбеди словачката амбасада, добиваме често прашање која е вредност ана донацијата, мој одговор е ако оваа амбулантно возило спаси макар еден човечки живот вредноста е непроценлива. Да се заблагодарам на директорот на Здравствениот дом за административната подготовка за оваа донација  – изјави Мартин Безак, Амбасадор на Република Словачка.

Директорот на Здравствениот дом денеска ги доби и клучевите од возилото на компанијата „Фалк Захрана“, кое ќе биде ставено на располагање заедно со уште четири санитарни возила, како и 14 лесни возила кои ги користи Итната помош.

Во име на Здравствен дом и во мое лично име голема благодарност до народот на Република Словачка, до Владата на Република Словачка и до Амбасадорот, неговата екселенција Мартин Безак што е претставник во Македонија, оваа возило ќе ни значи многу со оглед дека бројот на пациентите бара некој апт поголем број на возила иако имаме ние возила, оваа возило ќе ни биде добредојдено во служба на здравјето и превенција и брзо транспортирање на апциенти, било да се работи од неговиот дом до болницата или клиниките во Скопје. Моментално оваа возило ќе припадне во Итната медицинска помош, таму имаме три Рено комби, ова е четврти тип, тие се нови и оваа возило четири, имаме уште едно од таков тип санитетско возило, инаку возниот парк располага со 14 лесни возила кои се употребуваат за патронажа, вакцинација и такви случаи– изјави Миодраг Панковски, директор на Здравствен дом Куманово.

 

Во име на граѓаните благодарност за заложбите на амбасадорот Безак изрази и градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски.

Од мое име и во име на граѓаните благодарност за донацијата на државата Словачка и на Амбасадата која беше моератор на целиот процес. Меѓутоа, улогата на амбасадорот во креирање на европската перспектива на Македонија е огромна, даде голем допринос во процесите на демократизација, имплементација, на неопходните правци во Евроагендата на Македонија, денеска му се заблагодарувам за донацијат аи неговото учество во европскиот пат на Македонија – изјави Зоран Дамјановски, градоначалник на Општина Куманово.

 

Инаку Службата за Итна медицинска помош од Куманово располага со доволен број возила и медицински персонал. Има вкупно 12 лекари и соодветен број возачи и медицински сестри.