Американската амбасада во Украина на Твитер објави дека руските сили убиле 10 лица во градот Черников во северна Украина.
– Стоеја во ред за леб, соопштија од амбасадата.
Today, Russian forces shot and killed 10 people standing in line for bread in Chernihiv. Such horrific attacks must stop. We are considering all available options to ensure accountability for any atrocity crimes in Ukraine.
— U.S. Embassy Kyiv (@USEmbassyKyiv) March 16, 2022
Телевизијата Си-Ен-Ен, исто така, претходно објави за гранатирање на група луѓе кои чекаат леб.
На видео чија географска локација ја потврди Си-Ен-Ен се гледа дека ракетата во средата наутро погодила група луѓе кои чекале ред за леб во Черниково.
Локален известувач од теренот изјави дека загинале најмалку десет лица. Си-Ен-Ен не беше во можност самостојно да го потврди бројот на жртвите.
На видеото кое е објавено се гледаат безживотни тела на земјата, но сцените се заматени.